Милан е лидер во Серија А во моментов, а Ибрахимовиќ ги мотивира своите соиграчи и верува дека може таму да останат и до крајот на шампионатот.
Но Пиоли се обидува да ја спушти топката и вели дека основната цел на тимот е да се избори пласман во Лигата на шампионите.
„Златан има право да размислува на тој начин, дури и останатите играчи, но реалноста е дека ние долго време не сме биле во Лигата на шампионите и нашата цел е да го однесеме Милан таму каде што заслужува да биде“, вели Пиоли.
„Верувам дека Милан се промени во јануари со доаѓањето на Ибра, Кјаер и Салемакерс“.
„Го променивме начинот на игра и приодот на теренот. Резултатите ни ја подобрија самодовербата. Победивме клубови како Јувентус и други големи клубови“.