Французинот покажува дека ќе биде големо засилување за Милан, но сега се враќа и Златан Ибрахимовиќ.
Ибра од трибините го следеше натпреварот, а по мечот Пиоли беше прашан дали би можел да ги игра и двајцата во стартниот тим.
„Многу сум отворен кон сите ситуации, но размислувам од натпревар за натпревар кога е во прашање изборот на стартниот тим. Кога ќе имаме потреба од двајца напаѓачи, нема да се двоумам дали да ги користам заедно. Само се надевам да ќе ги имам сите фудбалери на располагање“, вели Пиоли.
По репрезентативната пауза почнува Лигата на шампионите, па Милан за кратко време има серија тешки натпревари.
„Имаме тежок распоред по паузата за репрезентации вклучувајќи ги Ливерпул, Јувентус и Аталанта, па мора да го држиме овој менталитет и ентузијазам“.
„Доколку навистина сакаме позитивна идндина, мора сите фудбалери да ги третираме како прв збор. Некои некогаш ќе недостасуваат, па ќе дојдат други некои, но мора сите да тренираат како да ќе играат на натпреварот“.