Милан игра во фантастична форма оваа сезона, немаат пораз во Серија А, имаат само едно реми и го делат првото место со Наполи.
Во Лигата на шампионите немаат бод, но општ впечаток е дека Пиоли врши одлична работа во Милан.
На Милан му требаше победа против Аталанта во последното коло за да се пласира во ЛШ по седум години пауза, Пиоли објаснува како ги мотивирал играчите.
„Во тој говор кажав нешто за секој фудбалер посебно, нешто што направиле тие за да му помогнат на тимот да дојде до таму“, вели Пиоли.
„Километрите истрчани на Кеси или колку високи скокнал Томори за да постигне гол против Јувентус. Им кажував специфични работи за секој фудбалер посебно“.
„По говорот, сфатив дека ги импресионирав моите фудбалери. Го направив тоа пред да го напуштиме хотелот и да се упатиме кон стадионот“.
Пиоли вели дека не е тренер кој им зборува на играчите после натпреварите.
„Најважните работи се кажуваат пред натпреварите, не после. Веќе не ни зборувам ништо откако ќе заврши и мечот. Со Ибра во тимот, ретко и влегувам во соблекувалната по натпреварот“.
„По натпреварите и тешко е да се фокусираат играчите за некој говор. Претпочитам да зборувам следниот ден“.
Милан во недела од 20:45 часот гостува на Рома во дерби меч.