„Росонерите“ се вратија на врвот на табелата откако синоќа забележаа победа на дербито со Наполи и славеа со 0-1 на гостувањето на „Диего Армандо Марадона“.
Во последните 10 кола, Милан влегува со два бода повеќе од Интер, три од Наполи и седум од Јувентус, но според Стефано Пиоли, тие не се главен фаворит за Скудетото.
„Интер и понатаму е фаворит за Скудетото бидејќи тие се актуелен шампион и имаат натпервар помалку“ – изјави Пиоли по триумфот над Наполи. „Имаат силен тим кој знае што значи да се победува“.
„Ќе беше подобро доколку се одиграа заостанатите натпревари, ќе беше покоретно доколку во овој дел од сезоната сите имаат ист број натпревари (Интер треба да одигра натпревар против Болоња)“.
За дуелот со Наполи, тренерот на Милан рече: „Ова се важни три бода, победивме против силен противник. Момците работеа многу напорно кога ја немавме топката и заслужено стигнавме до победа“.
„Перформансите беа одлични и така треба да продолжиме во иднина бидејќи не чекаат нови деликатни моменти“.