Милан синоќа загуби два големи бода во битката за Скудетото откако одигра на свој терен само 0-0 против Болоња. Росонерите создаваа шанси, но затаи реализацијата.
„Комплетно ја отфрлам идејата дека ова беше психолошки проблем. Тимот одигра со вистински карактер, темперамент и менталитет, дури бевме квалитетни и во креирањето на шансите, проблеми ни беше само да ги завршиме. Игравме фудбал, но не ги реализиравме шансите“, вели Пиоли.
„Ова беше еден од оние натпревари во кои ако дадеш рано гол, станува полесно, во спротивно е екстремно тешко“.
„Не можам да се пожалам на тимот, ни фалеше само острина и реализација во шесанесетникот. Бевме фаворити на хартија, но фудбалот не се игра на хартија“.
„Сега имаме многу тежок меч, гостување кај Торино кој им зема бодови и на Интер и на Јувентус. Мислам дека битката за титулата ќе се одлучува во последните две кола“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.