Пиоли: Не размислував на Наполи, сакав да победиме и заслуживме да го победиме Интер

by
1 минути читање

Милан и Интер одиграа 0-0 во првата полуфинална пресметка од Купот на Италија. На почетокот од мечот росонерите имаа две убави шанси за гол, но потоа мечот беше речиси изедначен.

„Милан одигра добро и заслуживме повеќе, но ако видиме дека ова е во два натпревари, резултатот е добар. Сепак, мислам дека заслуживме да победиме“, вели Пиоли.

„Знам дека ќе биде тешко во реваншот, но задоволен сум од перформансот. Имаме прогрес во изминатите две и пол години, сега сакаме да освоиме нешто и да ја направиме оваа фантастична сезона“.

Во следното коло Милан игра против Наполи, еден од двата ривали за Скудетото.

„Го одбрав тимот кој беше најдобар за овој меч врз база на тактичките карактеристики. Не размислував за мечот со Наполи воопшто. Тоа ќе биде друг тежок тест“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×