Пиоли: Милан е тим со големо срце

by
1 минути читање

Пи трите победи
во низа, Милан „застана“ на реми против Парма во редовното 11 коло од италијанската
Серија А, но и покрај тој резултат тимот од Милано е на лидерската позиција на
табелата со 27 бода, три повеќе од Интер, односно четири во однос на Наполи и
Јувентус.

Предводникот на „Росонерите“,
Стефано Пиоли признава дека неговите избраници се мачеле да дојдат до ремито
против Парма која имаше водство од 0-2, меѓутоа упати и пофалби за своите
фудбалери.

За прв пат
сезонава би можел да кажам дека се мачевме на теренот и го немавме оној наш
препознатлив стил на игра, Парма беше навистина добра, особено на контрите,
имавме прилика да израмниме и порано, но не успеавме во таа намера, како и да
е, можам слободно да кажам дека ова е тим со големо срце и желба за докажување,
а мене лично тоа ме радува
“ рече Пиоли.

Следното, 12 коло
од италијанската Серија А се игра почнувајќи од утре, а Милан во среда гостува
кај Џенова на нашиот Горан Пандев.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани