Пиоли: Ибра е подобар, но ќе видиме кога ќе се врати

by
0 минути читање

Синоќешните тестови на докторите на Милан, покажаа дека повредата е минато и тој може да се врати на терените веќе на мечот со Парма следниот викенд.

Но, Пиоли не потврди дали тоа ќе биде натпреварот на кој ќе игра Ибра.

„Златан се чувствува подобро, тој ја продолжува рехабилитацијата. Ќе видиме како ќе биде“, вели Пиоли.

„Бенасер имаше неколку проблеми во изминатите неколку дена. Тој нема да биде повикан за мечот од Лига Европа, но мислам дека ќе биде спремен за мечот со Парма“.

„Леао е подобар и е подготвен за утре“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×