Предводникот на
Милан, Стефано Пиоли објаснува дека вистинските грешки за кои „Росонерите“
треба да жалат за поразот од Ливерпул синоќа се всушност оние во второто
полувреме, кога фаворитот со два гола ги постави конечните 3-2.
„Ливерпул
заслужува почит за нивниот интензитет и квалитет, за сета доминација во
почетните 25 минути игра“ рече Пиоли за „Скај Спорт Италија“.
„Ние имавме
можност да го свртиме резултатот а воедно и сиот меч во наша полза, но треба да
жалиме за двата гола кои ги примивме во второто полувреме, покрај големиот
квалитет на Ливерпул, ние имавме свои грешки во тие голови, во иднина ќе се
судриме со екипи кои имаат помалку квалитет во сопствените редови и не смееме
вакви голови да примаме“ додаде Пиоли.
„Ова ќе ни биде
лекција од голема корист за во иднина, а сево ова ќе ни помогне да се развиеме
во уште подобри, очекувавме Ливерпул да тргне силно, но ние бевме статични, не
можевме успешно да се справиме со нивниот почетен пресинг, кога ја немате
топката, трчате во опасност“ подвлече Пиоли.