Пиоли е бесен поради поништениот гол: Хандановиќ дури не се ни жалеше!

by
1 минути читање

Интер убедливо со 3-0 го победи Милан и се пласираше во финалето од Купот на Италија. При негатива од 2-0, Бенасер даде гол кој можеби ќе го променеше текот на мечот, но погодокот беше поништен поради пасивен офсајд од Калулу, судиите сметаа дека му засметал во видикот на Хандановиќ.

„Сакавме да победиме, не го направивме тоа, игравме против силен тим. Не мислам дека играта е реална слика на резултатот од 3-0, но Интер постигна голови во вистинско време“, вели Пиоли.

„Кога ќе примите три гола, тоа значи дека противникот играл квалитетно, а вие сте правеле грешки. Но, ние игравме добро, со интензитет, креиравме шанси, едноставно не беше наша ноќ“.

„За поништениот гол видете ја реакцијата на Хандановиќ. Тој дури не се ни жалеше. Кажете ми еден голман кој не би реагирал по примен гол доколку играчот на Милан му го попречува видот. Но тој не направи ништо, се пожали само на играње со рака, што не беше точно“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×