163
На Стефано Пиоли одлично му оди во Милан, неговиот договор е до крајот на оваа сезона, но во наредниот период се очекува да го продолжи.
„Би можел среќно да останам во Милан засекогаш, но знам дека фудбалот е полн со непознаници и неочекувани динамики. Се што можам да кажам е дека сум многу среќен тука“, вели Пиоли.
Пиоли има одличен однос со Златан Ибрахимовиќ кој делува и како негов асистент, особено во периодите кога е надвор од стројот поради повреда.
„Ибра останува голем фудбалер и важен ресурс за нас. Тој прави се што може за да се врати на теренот. Никогаш нема да биде товар за нас, туку важен ресурс кој му помага на тимот да расте“.