Пиоли бесен на судиите: Не е првпат да има сериозни грешки против нас!

by
1 минути читање

По огромната, грешка против Сиена, Милан повторно е оштетен, овојпат примија гол со рака. И покрај тоа што ВАР ја гледаше снимката, голот не беше поништен, па Пиоли беше бесен по мечот.

„Нема сомнеж, тоа беше чиста игра со рака“, изјави Пиоли.

„Фудбалерот на Удинезе постигна гол со рака. Неверојатно е како ВАР не го виде тоа, тоа е сериозна грешка која се покажа како одлучувачка за конечниот резултат“.

„Точно е дека ние не одигравме добро, но голот требаше да биде поништен“.

„Беше рака. ВАР е создаден да се избегнат ваквите грешки, па ова е неприфатливо, не е првпат да бидеме вака казнети. Само велам не е првпат да бидеме казнети за ваков чист инцидент, голот беше постигнат со рака“.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×