Пикси: Заслуживме да не загубиме, судењето нe го коментирам

by
1 минути читање

Србија одигра реми 2-2 на свој терен против силната селекција на Португалија.

„Ова е реален резултат. Би бил навистина тажен да загубевме на крајот, немаше да биде заслужено. Им честитам на момцит, знаев дека можат да дојдат до добар резултат“, вели Пикси по мечот.

Србија се врати по негатива од два гола во првото полувреме.

„Бев ладен како шприцер. Верував во пресврт, дури на играчите им реков дека ќе победиме. Дали тоа е лудост или преголема амбиција, не знам, едноставно така се чувствував. Требаше да почнеме да играме фудбал, и мислам дека успеавме во тоа“.

Португалците беа бесни по мечот бидејќи во 93. минута не му беше признат гол на Кристијано Роналдо.

„Не ги коментирам судиските одлуки, ниту кога се во наша корист, ниту кога се против нас. Грешките се составен дел од спортот, мораме така да гледаме на тоа. Не ја видов ситуацијата, па не можам да тврдам 100 проценти дали е гол или не. Кога ќе видам ќе знам“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани