Пикси му се поклони на Митровиќ: Тука има многу лажни легенди, но тој е вистинска!

by riste
1 минути читање

Александар Мотровиќ вчера го одигра јубилејниот 100. натпревар за Србија и ги постигна сите три гола во победа од 3-0 над Андора.

Митровиќ дојде до бројка од 62 погодоци за националниот тим, а по крајот на мечот доби подароци по повод големиот јубилеј.

Покрај подароците доби и пофални зборови од селекторот Драган Стојковиќ – Пикси.

„Ова беше вечер на Александар Митровиќ кој влезе во легендите. Вака се влегува во вистински легенди. Тука има многу лажни легенди, но тој е вистинска. Митровиќ одигра 100 натпревари за Србија и кога на тој јубилеј ќе дадете три гола, тоа е импресивно“, рече Пикси.

Фото: Fudbalski savez Srbije

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани