Пике се откажал од половина плата, намалување засега прифатиле уште тројца играчи на Барса

by
1 минути читање

Долговите на Барселона дополнително се зголемија во периодов на пандемија од коронавирус, каталонскиот клуб ги моли играчите да прифатат намалување на платите.

Весникот „Спорт“ пишува дека Пике прифатил намалување од дури 50 проценти на платата.

По мечот со Ференцварош, Барселона ги обнови договорите на четворица фудбалери, Пике, Ленгле, Тер Штеген и Де Јонг.

Пике го прашал раководството на Барса колку им е потребно да ја намали платата, тие му рекле 50 проценти, тој прифатил.

За помала плата прифатиле да играат и Ленгле, Тер Штеген и Де Јонг, нивните примања ќе бидат помали за 30 проценти.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани