209
Барселона имаше проблеми да ги регистрира новите засилувања, но успеа да го направи тоа пред првото коло од Ла Лига, а големи заслуги одат на адреса на Пике кој прифатил да му се намали платата.
„Барселона ги регистрираше Мемфис, Ерик Гарсија и Реј Манах во професионалната фудбалска лига. Тоа беше овозможено благодарение на договорот со Жерар Пике кој прифати намалување на неговата плата“, стои во соопштението на Барселона.
Емерсон Ројал претходно беше регистриран и останува да се направи уште регистрација на Кун Агуеро, но таа може и да почека бидејќи Аргентинецот и онака е надвор од стројот поради повреда.