Пике му го сврте грбот на Меси и го погази својот збор во соблекувалната

by
2 минути читање

Барселона денеска потврди дека постигнала согласност со
четворица фудбалери од својот состав во однос на продолжувањето на договорите, Жерард
Пике потпиша до 2024. година, претходно познато беше дека голманот Тер Штеген
се обврза на верност до 2025. година, а потпишаа уште и Френки де Јонг до 2026.
година, односно во иста временска рамка и Клемен Ленгле.

Како и да е, од
оваа вест која ја објавија Каталонците, осамна прашањето
: Што се случи со ставот на Пике околу групата во
тимот зад која тој застана со поддршка, а во истата секако е воедно и капитенот
Лионел Меси?

Токму Пике сега е
во центарот на вниманието откако Барселона јасно им наведе на сите свои
вработени дека потребно е да се кратат платите за да се надмине корона кризата
која во сериозни размери го погоди клубот.

Се шпекулира дека
опцијата е намалување на платите за 25-30%, а во периодот кога состојбата ќе се
стабилизира, сите да си го добијат своето заслужено, меѓутоа следеше остар
одговор од фудбалерите кои со допис до раководството категорично одбија
преговори, иако се наведуваше дека сите до еден се согласни на таа тема, се
чини дека сепак не било така.

Помеѓу
потписниците на тој допис бил токму и Пике, кој сега веројатно го подгазил
својот збор во соблекувалната на Барса, а и повеќе од веројатно е дека му сврти
грб на Меси со потписот на нов договор, а со помала плата во истиот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани