Екипата на Ројс
веќе потврди дека е во можност да го продолжи своето натпреварување во
шпанската Сегунда, откако целосно ги исплатила обврските кон своите фудбалери,
откако, тој клуб беше близу за да го загуби тој статус, откако Каталонците
можеа да ги загубат сите фудбалери од својот состав.
Џерард Пике,
дефанзивецот на Барселона за момент беше поврзан со каталонскиот клуб, одредени
медиуми пренесоа за неговите бизнис авантури вон фудбалските терени, а тој беше
запрашан за неговите наводни планови да го купи шпанскиот второлигаш Ројс, Пике
негираше такво нешто, а посочи и кога би се повлекол од Барселона.
„Сега ние сме со
мислите за наредниот натпревар, секогаш го гледам стартот на сезоната како
тежок, но, кога ќе дојде денот да престанам да уживам на работите кои ги правам
на мој начин, ќе се повлечам“ рече Пике по убедливата победа на Барселона кај Леванте со 0-5 во редовното коло од Примера, каде тој беше стрелец на еден од погодоците.
31 годишниот Пике има важечки договор со гигантот од Камп Ноу до 2022. година.