Пике ќе остане во Барселона и во новата сезона, но со помала плата

by
0 минути читање

Џерард Пике е на
повидок да остане во Барселона и во новата сезона, со тоа што постигнал договор
со претседателот на клубот, Жоан Лапорта околу предвиденото намалување на
платата.

34 годишниот
фудбалер има плата од 16 милиони евра на годишно ниво на „Камп Ноу“, но според
тоа што го наведува „АС“, Пике нема да си замине ова лето, напротив, прифатил
помала плата во наредните 12 месеци од неговиот договор.

Се верува дека потегот
на Пике ќе го следат и Жорди Алба, како и Серхио Бускетс.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×