Пике имал специјално барање до Рубиалес и сe изнeрвирал кога Рамос се вмешал: Само тој игра вакви игри

by
1 минути читање

Изминативе денови, топ тема во фудбалска Шпанија се Жерард Пике и Луис Рубиалес откако беа откриени аудио снимки и пораки од дефанзивецот на Барселона и претседателот на Фудбалската федерација на Шпанија и како тие двајцата договорале Суперкупот да се игра во Саудиска Арабија, и успеале да си обезбедат богати провизии.

Денеска беа објавени нови разговори, Жерард Пике фаќал врски кај Луис Рубиалес да настапи на Олимписките игри во 2020 и покрај тоа што во 2018 се повлече од репрезентацијата.

Дефанзивецот барал од првиот човек на ФФШ тајно да разговара со селекторот и никој да не дознае за ова, Жерард Пике се плашел дека и други играчи можат да го побараат истото.

Подоцна, кога низ медиумите се појавиле гласини дека Серхио Рамос сака да настапи на Олимписките игри, Жерард Пике му испратил линк од вестите на Луис Рубиалес и го прашал дали е вистина.

Претседателот на ФФШ во прв момент одговорил дека не е запознаен со ова, но два дена подоцна му потврдил: „Хери, се чини дека е вистина ова за Рамос, ми кажаа дека бара средба со мене“.

Жерард Пике на ова одоговор: „Овие игри се во негов стил, намерно пушта патка преку медиумите за да изврши притисок“.

На крајот, ниту Жерард Пике, ниту Серхио Рамос не беа дел од репрезентацијата на Шпанија на игрите во Токио.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×