Пике го советувал Де Лихт да не потпише за Барселона?

by
1 минути читање

Според пишувањата
на „Спорт“, се вели дека фудбалерот на Барселона, Џерард Пике се сретнал со
Матијс де Лихт за време на викенд на Карибите во 2019 година кога Холанѓанецот
беше во дилема каде да ја продолжи кариерата, а токму Барселона беше една од
посериозните опции.

Сепак, Де Лихт на
крајот се реши Ајакс да го замени со Јувентус, а Пике го советувал да ја
избегне Барселона, а причината поради која му ја навел за тоа да го стори било
поради тоа што немало да има минутажа во екипата на Каталонците.

Освен Барселона,
како сериозно заинтересирана екипа за потписот на Де Лихт се споменуваше и ПСЖ,
а 22 годишниот фудбалер ја оправдува довербата од својот тренер Масимилијано
Алегри во дресот на „Старата дама“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×