Пети тврди дека ова е „крајот на улицата“ за Арсенал кој повеќе не е интересен ниту за Буендиа од Норич

by
1 минути читање

Поранешниот
фудбалер на Арсенал, Емануел Пети упати низа критики за тоа како функционира клубот
од Лондон, а нагласи дека не се работи за немање финансиска моќ, бидејќи
Арсенал според него прилично добро стои на тоа поле.

Астон Вила го потврди трансферот на Буендиа вреден 40 милиони

Колку пати тие
направија погрешни потези околу купувањето фудбалери? Мустафи, Сократис, со
идентичен талент, тие само додаваа фудбалери, а не постоеше никаква разлика
помеѓу нив, ова е крајот на улицата за нив, направете промени, морате, ова е
случај кој се провлекува низ последните неколку години, не се работи за пари,
тие воопшто не се прашањето, бидејќи парите ги имаат
“ рече Пети за „ТолкСпорт.“

По сите
случувања околу Суперлигата, кои веќе паднаа во вода, по сите фрустрации на
трансфер пазарот, како и профилот на фудбалерите кои си заминаа, јас можам да
разберам во моментов зошто тие треба да бидат внимателни околу отплатата на
позајмицата за стадионот
“ додаде тој.

Можам да го
разберам сето тоа, меѓутоа сето тоа е веќе зад нас, ситуацијата ниту малку не е
веќе идентична како претходно, немојте да ми кажувате дека причината е
ковид-19, кога вие трошите 60 милиони фунти на фудбалери секој период за
трансфери, имате пари за да доведете талентиран фудбалер, 
Ќе можете ли да ми кажете како вие го избирате талентот? Како го избирате вашиот профил? Која е вашата цел?“ запраша Французинот кој инаку има запишано 85 настапи во дресот на „Топчиите“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×