Пети: Мбапе е заинтересиран за Реал Мадрид бидејќи е уморен од случувањата во Франција

by
1 минути читање

Поранешниот
француски фудбалер Емануел Пети верува дека Килијан Мбапе лесно може да заврши
во Њукасл, клуб кој доби богато сопствеништво, а со самото тоа и богата каса, а
додаде дека младата ѕвезда е веќе фрустрирана од сите случувања во Франција.

Семоже да се случи, видовме што се случи со
Њукасл, постојано имаше шпекулации за тој клуб, а вие никогаш не можете да
знаете што ќе се случи на крајот од денот, работите лесно се менуваат, постои
големо поврзување со Реал Мадрид, а знам дека во неговиот ум кога бил дете за
него тоа било сон да игра за клубови како тој
“ рече Пети.

Можеби тој е
заинтересиран за Реал Мадрид бидејќи е уморен од сето тоа што се случува во
Франција, сметам дека тој на момент дури и чувствува дека го нема истиот статус
како оној на Лионел Меси и Нејмар
“ додаде тој.

Пред да ја
напушти Барселона, Меси беше крал на тој клуб, но за мене, кралот на ПСЖ е
Мбапе, ниту Нејмар, ниту Меси, со целосна почит кон сите, но Мбапе е број еден
во таа екипа
“ подвлече Французинот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×