11
Ако Интер без поголеми проблеми ја заврши работата околу скудетото, тогаш вистинска драма ќе се води во битката за местата кои водат во европските купови преку Серија А.
На две кола до крајот, од второто до шестото место има само пет бода разлика, а дополнителен притисок носи фактот што Наполи има и натпревар помалку.
- Натпревари до крајот на сезоната:
Наполи вечерва игра против Болоња, а потоа го очекуваат уште дуели со Пиза и Удинезе.
Јувентус ќе се соочи со Фиорентина и Торино.
Милан игра против Џенова и Каљари
Рома против Лацио и Верона
Комо ќе ги одмери силите со Парма и Кремонезе.
Табелата во моментов изгледа вака: Наполи 70 бода, Јувентус 68, Милан 67, Рома 67 и Комо 65.