85
Фудбалската репрезентација на Перу која во овие квалификации за СП 2026 има најлош скор, дојде до прв триумф откако на домашен терен го совлада Уругвај со 1-0, во меч од деветтото коло.
Стрелец на единствениот гол на овој натпревар беше Мигел Араухо кој погоди со глава пред самиот крај на мечот.
Перуанците со оваа победа дојдоа до вкупно шест бода и веќе не се на последното место на табелата, прескокнувајќи го Чиле, кој има пет бодови. Уругвај остана на третото место на табелата со 15 бодови.