Перишиќ му даде два гола на Јувентус, па доби понуда од „старата дама“ каква што нема од Интер

by
1 минути читање

Иван Перишиќ би
можел да го замени Интер со вечниот ривал Јувентус. Неколку извори од Италија
го сместуваат Хрватот на листата со желби на „старата дама“.

Се говори дека
контактите биле остварени по финалето од Купот на Италија, кога Иван Перишиќ два
пати ја тресеше мрежата на Јувентус и на Интер му го донесе трофејот.

Јувентус на маса
ставил двегодишен договор и плата од 6 милиони евра, додека пак предлогот на
Интер за продолжување на соработката е двегодишен договор и плата од 4,5
милиони евра по сезона.

Хрватот се уште
нема одлучено, приоритет му дава на Интер, но „нероаѕурите“ ќе мора да ја
зголемат понудата за да не дозволат фудбалерот да завриши во редовите на лутиот
ривал.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×