Перишиќ испука ракета во голот на Чешка за прв бод на Хрватска на ЕП (ВИДЕО)

by
1 минути читање

По голема борба на двете страни, Хрватска и Чешка ги поделија бодовите играјќи нерешено 1-1.

Првиот гол беше постигнат од пенал, Ловрен со лакт го удри Шик на кој му потече крв од носот. Ситуацијата се гледаше со ВАР, по што судијата одлучи да досуди најстрога казна која Шик ја претвори во водство од 1-0.

Хрватска израмни по само две минути игра во второто полувреме кога Перишиќ упати вистинска бомба од странчна позиција за 1-1.

Се чинеше дека на овој меч ќе има уште голови, но тоа не се случи, ова беше конечниот резултат.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани