Перишиќ го напушта Интер но нема да направи предавство и преселба во Јувентус

by
0 минути читање

Интер на Иван
Перишиќ му достави нова подобрена понуда, но очигледно тоа нема да биде доволно
за Хрватот да остане во Милано.

Неколку извори од
Англија и Италија вечерва пренесоа дека Иван Перишиќ е блиску до договор со
Тотнем.

„Спарси“
доставиле понуда по барање на Антонио Конте, и веруваат дека ќе успеат да го
ангажираат фудбалерот (му ветуваат малку повисока плата од таа на Интер, како и
договор на 2+1 година).

Се очекува Иван
Перишиќ во понеделник да ја донесе конечната одлука. Со своите добри игри оваа
сезона, тој го привлече вниманието и на Јувентус и Челси.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×