Јувентус со три
бода си замина од гостувањето кај Џенова, Кристијано Роналдо со два гола од
пенал се погржи „старата дама“ да слави со 1-3.
Во финишот од
мечот, ЦР7 имаше интересена психолошка војна со голманот Матија Перин. Со оглед
на тоа што нема навивачи на трибините, љубителите на фудбалот можеа да ја слушнат
дискусијата.
Пред Португалецот
да го изведе вториот пенал, голманот на Џенова го праша дали ќе шутира по
средина, слично како и при првиот пенал.
„Во средина пак?“
– праша Перин.
Кристијано
Роналдо не одговори ништо, биеше силно и малку во косо и додека славеше со
играчите извика: „Каде тргна Перин?! Каде тргна?!“.
Во последните
мигови од натпреварот, Јувентус доби слободен удар на преку 30 метри, а Перин
почна да им наредува на своите соиграчи: „Никаков жив ѕид, тргнете се, тргнете
се. Оставете го нека шутне. Сакам да ја гледам топката“.
Роналдо зема
залет, но наместо да шутира, само ја додаде и судијата веднаш означи крај а
Перин го напушти голот и почна да му вика на ЦР7: „Се плашиш? Зошто не шутна,
немаше жив ѕид?“