Се бројат
деновите за враќањето на англиската Премиерлига, како што е веќе познато, 17.
јуни е датумот кога се враќаат фудбалските возбудувања на Островот, постојат
поделени чувства околу безбедноста за враќањето на фудбалот кои најмногу се
однесуваат поради пандемијата од коронавирусот, но, шефот на стручниот штаб на
Ливерпул, Јирген Клоп не крие дека фудбалот му недостасува во голема мера.
„Сево ова ми
недостасуваше премногу, знам дека не е најважната работа во животот, но тоа е
моја пасија, се надевам дека и останатите луѓе едвај чекаат да се вратиме“ вели Клоп.
На Ливерпул му се
потребни уште само две победи до првата титула во Премиерлигата по пауза од
цели 30 години, меѓутоа германскиот фудбалски стратег не сака опуштање во
неговиот состав, тој дури најавува и битка за сите преостанати бодови.
„Се уште не сме
шампиони, многу добро го знаеме тоа, знаеме дека сме близу до остварување на
таа цел, но не треба да се опуштаме, постојат уште 27 бода пред нас, ќе се
обидеме сите да ги освоиме, ни претстојат натпревари, а ние ќе се обидеме да ги
добиеме“ додава Германецот кој не сака „Редсите“ да сопрат со победите.
„Не сакаме да
сопреме со победите по два меча, што и да се случи, треба да работиме напорно“ заклучи тој.