Почна војната меѓу УЕФА и Суперлигата, битката допрва ќе добива на интензитет. Од УЕФА најавија суспензи за тимовите кои може да стапат веднаш, но Перез уверува дека тоа нема да се случи.
„Реал Мадрид, Манчестер Сити и Челси како и другите клубови од Суперлигата, нема да бидат исфрлени од Лигата на шампионите или домашните натпреварувања. Сигурен сум во тоа. Невозможно е“, вели Перез.
„УЕФА е монопол. Ние сакаме да го спасиме фудбалот за наредните 20 години, тој е во голема опасност. Доколку освоите ЛШ добивате 120-130 милиони евра од УЕФА, но со Суперлигата ќе се заработува многу повеќе“.
УЕФА се закани и дека фудбалерите кои ќе играат во Суперлигата нема да можат да играат за своите репрезентации.
„Не се секирајте, тоа нема да се случи. Нема да бидат суспендирани ако играат во Суперлигата“.