103
Флорентино Перез ги доби претседателските избори, а на прес-конференцијата потоа потврди дека Жозе Мурињо ќе биде новиот тренер на кралскиот клуб.
Перез потврди дека Мурињо ќе биде нов тренер на Реал Мадрид, во текот на денешниот ден ќе има и официјална објава од клубот, а презентацијата ќе се случи во среда.
„Еден од најдобрите тренери во светот се враќа. Вистински мадридиста. Жозе Мурињо“, рече Перез.
Победата на Перез значи и официјализирање на трансферите на Ибрахима Конате и Дензел Думфрис.