222
Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез откри дека Марсело ќе остане во тимоот и ќе биде капитен.
„Марсело ќе остане, тој ќе биде капитенот. Марсело ќе биде нашиот капитен следната сезона. Тешко е да се најде некој друг лев бек како него. Тој и Роберто Карлос се најдобри во историјата“, вели Перез.
Тој потврди дека Брахим Дијаз и следната сезона најверојатно ќе биде во Милан на позајмица.
„Некои фудбалери ќе испратиме на позајмица. Брахим Дијаз се разви во Милан. Доколку не може да биде тука, ќе биде таму“.