Перез објави снимка од Мурињо, Португалецот порачал: Не сум јас, тоа е вештачка интелигенција (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Жозе Мурињо го контактирал раководството на Бенфика за да ги увери дека не стои зад видеото во кое се појавува облечен во дрес на Реал Мадрид. Искусниот стратег тврдел дека станува збор за снимка создадена со помош на вештачка интелигенција, објавија португалските медиуми.

На интернет-страницата на кандидатурата на Флорентино Перез за претседател на Реал Мадрид, во рамки на изборната кампања, беше објавено видео на кое португалскиот тренер е прикажан во опремата на „кралскиот клуб“.

Снимката беше претставена како потврда дека Мурињо ќе седне на клупата на мадридскиот гигант доколку Перез победи на претседателските избори закажани за следната недела. На социјалните мрежи видеото беше споделено со пораката:

„Има уште многу историја што треба да се испише“.

Во кратката снимка Мурињо изговара само „Да“.

Објавата се појави во момент кога вториот кандидат за претседател на клубот, Енрике Рикелме, гостуваше во телевизиска емисија, каде што требало да ги претстави своите планови за засилувања и иднината на Реал Мадрид.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×