Перез не троши време и веќе бара замена за Зидан, на ум има две имиња за нов тренер на Реал

by
1 минути читање

По поразот од
Кадиз во Ла Лига и поразот од Шахтар во Лигата на шампиони, медиумите почнаа да
пишуваат дека се тресе клупата на Зинедин Зидан. Флорентино Перез синоќа се
симнал во соблекувалната на Реал Мадрид и го известил стратегот дека мора веднаш
да се подигне нивото.

Пред „кралевите“
сега се две гостувања, најпрво кај Барселона во сабота
, a потоа во вторник кај Борусија Менхенгладбах, па
доколку загубат и на овие два натпревари, многу лесно може да се случи Зизу да
добие отказ.

Според пишувањата
на АС, Флорентино Перез се подготвува за ангажман на нов тренер и на ум има две
имиња.

Како прва опција
се споменува легендата Раул, кој го предводи Реал Мадрид Кастиља и минатата
сезона донесе триумф во младинската Лига на шампиони.

Но кормилото на
првиот тим може да биде „голем залак“ па како алтернатива е Маурисио Покетино,
кој и во минатото беше на радарот на Реал Мадрид.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани