309
Шпанскиот репрезентативец Марк Кукуреља е на чекор до трансфер во Реал Мадрид, објави познатиот фудбалски инсајдер Фабрицио Романо.
Според неговите информации, „кралскиот клуб“ и Челси постигнале договор за трансфер вреден повеќе од 50 милиони евра, вклучувајќи ги и бонусите. Романо го искористи своето препознатливо „Here We Go“, тврдејќи дека трансферот е веќе завршена работа.
Наводно, Кукуреља веќе дал согласност за преселба на „Сантијаго Бернабеу“ и е подготвен да ја продолжи кариерата во дресот на Реал Мадрид.
Според најавите официјалната потврда би требало да пристигне во наредниот период.