Перез му спрема отказ на Зидан, многу работи ќе зависат од саботното класико

by
1 минути читање

Последните два натпревари на Реал Мадрид беа два шокантни порази и тоа на свој терен, најпрво од Кадиз во Примера, а потоа од Шахтар во Лигата на шампионите.

Синоќа Реал Мадрид изгледаше очајно во првото полувреме во кое прими дури три гола од противникот против кој беше апсолутен фаворит, тоа не му се допадна на Флорентино Перез.

Претседателот на Реал Мадрид се симнал во соблекувалната на тимот и одржал три минутен говор по што си заминал.

Според дел од шпанските медиуми, столчето на Зидан веќе силно се тресе и многу работи ќе зависат од исходот на големото дерби против Барселона кое се игра во сабота од 16 часот на Камп Ноу.

Наводно францускиот тренер добил ултиматум, раководството сака добри резултати во следните два меча, дуелите против Барса и Борусија Менхенгладбах. Двата меча се на гостински терен.

Зидан постојано го менува составот на Реал Мадрид оваа сезона и никако не може да ги најде најдобрите 11. Во тимот нешто не функционира особено во нападот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×