Перез: Ако нема Суперлига клубовите ќе банкротираат

by
1 минути читање

Суперлигата доживеа неславен крај, траеше само 48 часа, но Флорентино Перез нема намера да се откаже од намерата да се формрира исто или слично елитно натпреварување.

„Се појавија многу манипулации против Суперлигата. Тоа е проект кој на најдобар начин треба да му помогне на фудбалот да излезе од кризата. Фудбалот е серирозно повреден поради тонењето на економијата и ние мора да се адаптираме. Суперлигата не оди против домашните натпреварувања и нашата цел е да донесеме повеќе пари во фудбалот и сметаме дека новата реформа на УЕФА не го решава проблемот, а и не можеме да чекаме до 2024 година. Мора нешто да се направи, бидејќи младите меѓу 14 и 24 години го губат интересот за фудбалот бидејќи тој нема возбудливи мечеви колку што може да има. Има 4 милијарди фудбалски фанови иво светот и половина од нив се навивачи на клубови од Суперлигата. Фудбалот е единствениот глобален спорт“, вели Перез во интервју за „АС“.

„Реалноста е ако има повеќе интересни натпревари повеќе пари ќе одат во фудбалот. И ќе има за сите, не за неколку, бидејќи и домашните лиги ќе станат повредни. Исто така имаме значајни суми за солидарност што е еден од главните моменти на проектот“.

„Треба да стартуваме колку што е можно побрзо, но прво треба убаво да го објасниме проектот кој беше манипулиран од оние кои имаат привилегии од ваквата стуација Не можеме да чекаме четири години, треба да се почне пред да не лапне кризата, многу клубови ќе банкротираат ако не направиме ништо“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×