Переа: Меси пред мечот ми го вети дресот, но откако изгуби ми рече дека го ветил на некој друг, за подарок и не ми го даде

by
0 минути читање

Кадиз во саботата направи големо изненадување откако со 2-1 ја победи Барселона, а Алберто Переа открива една приказна од тој натпревар.

Переа пред почетокот на мечот го прашал Меси дали ќе му го даде дресот по крајот на натпреварот, Аргентинецот му ветил дека ќе му го даде, но лут поради поразот ја сменил одлуката.

„Пред почетокот на мечот ми вети дека ќе ми го даде дресот. Кога заврши мечот ми рече дека веќе го ветил како подарок. Мислам дека не е така, не ми го даде бидејќи беше лут, дури и едвај ме погледна“, вели Переа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×