Пепе да можеше и ќе го истепаше Стерлинг (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Манчестер Сити ја
оправда фаворитската улога во дуелот на домашен терен против Порто во првото
коло од групната фаза во Лигата на шампионите, но стартот не ветуваше таков
исход за избраниците на Пеп Гвардиола.

Први поведоа
гостите уште во 14. минута, но подоцна Агуеро, Гундоган и Торес донесоа пресврт
и три бода за „Граѓаните“, но еден детал особено остана во сеќавање кај
љубителите на фудбалот кои во чудење проследија што гостите не останаа со играч
помалку.

Пепе е добро
познат на љубителите на фудбалот по својата „валкана“ игра, Португалецот знае и
да претера, а немаше нималку поштеда кон Рахим Стерлинг
, па многумина сметаат дека во оваа ситуација уште недостасуваше
Пепе да почне да ја тепа ѕвездата на „Граѓаните“…  

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани