Играчот кој минатата сезона играше за Бирмингем кој заврши на 20. место во Чемпионшип, сега импресионира во дресот на Дортмунд.
Тој го постигна единствениот гол вечерва за Борусија Дортмунд, а погоди и во Манчестер но погодокот тогаш му беше поништен.
Белингем стана најмладиот Англичанец кој постигнал гол во нокаут фазата од Лигата на шампионите, и вториот најмлад воопшто кој дал гол во елиминациите од престижното натпреварување.
Пеп Гвардиола имаше голема пофалба за Белингем.
„Не можам да верувам дека има само 17 години, можеби лаже. Премногу е добар“, изјави Гвардиола по мечот.
Пофалба стигна и од тренерот на Борусија Дортмунд, Един Терзиќ.
„Единствената работа која не ја знаеме за Џуд Белингем, е неговиот лимит“, вели Терзиќ.