Пеп потврди, Сити нема да се засилува во јануари

by
1 минути читање

Бранителот на
шампионската титула во Премиерлигата, тимот на Манчестер Сити утре на домашен
терен го пречекува незгодниот Евертон во рамките на 17 коло од најсилниот
англиски фудбалски шампионат.

Во пресрет на
дуелот со Карамелите, за време на денешната пресконференција, шефот на
стричниот штаб на Сити, Пеп Гвардиола беше запрашан и за намерите во
јануарскиот преоден рок, а тој одговори категорично на оваа тема.

Во јануари, ние
нема да ангажираме ниту еден фудбалер
“ рече Пеп.

Пеп потроши
повеќе од 500 милиони фунти за засилувања на англискиот гигант откако го
презеде кормилото во таа екипа, но, тој го потврди тоа што се најавуваше
извесен период, дека клубот нема да има потреба од засилувања во преодниот рок
во јануари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани