Пеп Гвардиола откри дека уште на почетокот на сезоната почувствувал дека нешто не е во ред со Манчестер Сити. Шпанецот вели дека забележал „глупав детаљ” — начин на кој фудбалерите ја славеле постигнатите голови.
„Треба да создадеме подобро амбиент во тимот, вистински дух, да се вратиме на тоа како се опоравуваме и како славиме голови. Против Нотингем Форест во декември, Бернардо Силва даде гол и начинот на кој го прославивме беше различен. Од октомври до јануари не славевме како претходно, говорот на телото сè кажуваше
Тој глупав детаљ многу кажува за страста која ја имавме во претходните сезони, а оваа ја немавме. Игравме со 12-13 фудбалери на секои три дена, не можевме да се регенерираме како што треба. Сега ситуацијата е подобра. И мора да има конкуренција во тимот — играчите треба да знаат дека не им е загарантирано местото во составот“, истакна Гвардиола.
Иако Сити добро ја стартуваше сезоната и имаше амбиции за петта последователна титула, падот започна кога клучни играчи се повредија. Следуваше црна серија од девет порази на 13 меча, со само една победа во тој период. Тимот сега е во подобра форма, но заостанувањето на табелата е преголемо за да се стигне до врвот. Она што го радува Гвардиола е што повторно гледа глад за победи кај играчите.
Фото/Photo: Manchester City/Twitter