Фудбалската федерација на Македонија на својот официјален сајт ја објави анализата за изминатото коло во ПМФЛ истакнјувајќи дека оштетени биле три екипи – Пелистер, Гостивар и Тиквеш.
Пелистер кој играше со Струга Трим Лум и загуби со 4-1 е оштетен за црвен картон за кој фудбалерите на домаќините и жестоко протестираа, но исто така и Струга требало да остане со играч помалку.
– Пропуштено да се додели црвен картон на домашниот играч со бр.27 (Кривањева), за намерно удирање со подигната нога во телото на противнчкиот играч кога истиот нема можност да игра со топката, за стартот главниот судија додели само жолт картон.
– На интервенција на четвртиот судија погрешно (непотребно) доделен втор жолт картон на гостинскиот играч бр.70 (Филип Бошковски), со што гостинската екипа второто полувреме го играше со играч помалку. Играчот имаше минимален контакт со рамото со домашниот играч, но тоа е далеку да се окаратеризира за недозволен старт за кој би се доделил жолт картон,. Правилна одлука ќе беше да се опоменат усно и двата играчи кои и претходно имаа некои ситни провокации.
ЦРВЕНИОТ КАРТОН ЗА ПЕЛИСТЕР
Гостивар кој загуби од Беса со 2-1 неоправдано останал без исклучениот Мбемба при пеналот.
– Играч на домашната екипа е во полн трк и со отворен простор кон гостинскиот казнен простор. Веднаш по влегувањето во казнениот простор е фаулиран од одбранбен играч кој со лизгачки старт се обидува да игра со топката, но не успева и го сопнува напаѓачот кој е во очигледна шанса за гол. Исправна одлука на главниот судија, кој без размислување досудува казнен удар, но прави очигледна грешка, бидејќи го исклучува играчот кој го прави прекршокот наместо да го опомене.
Тиквеш пак во порзот од Шкендија од 0-1 бил оштетен за гол.
Играчот со бр. 9 на домашната екипа доаѓа до една центрирана топка од негов соиграч, не успева да задржи контрола над топката, реагира несмасно и паѓа. Во истиот момент топката доаѓа до неговиот соиграч со бр. 77. Во моментот кога играчот со бр. 77 шутира кон противничкиот гол, главниот судија ја прекинува играта, досудува индиректен слободен удар заради симулирање на прекршок, а шутот на домашниот играч со бр. 77 во истиот момент завршува во противничкиот гол. Ценам дека главниот судија направи погрешна проценка, требаше да дозволи играта да продолжи од причина што не станува збор за симулирање на прекршок од страна на играчот со бр. 9 на домашната екипа, ниту имаше таква намера, а ниту пак истиот со било каква гестикулација или поглед побара прекршок од главниот судија. Главниот судија требаше да остане доследен на критериумот како во претходните две ситуации (2-ра и 9-та минута) и да дозволи играта да продолжи. Констатирам дека во оваа ситуација беше донесена погрешна техничка казна и погрешно доделена дисциплинска мерка.
ПОНИШТЕНИОТ ГОЛ НА ТИКВЕШ