Пелистер го продолжи договорот со Христијан Грозданоски

by 24 фудбал
1 минути читање

Пелистер полека го заокружува костурот на тимот за новата сезона, а еден од фудбалерите на кои повторно ќе се смета е Христијан Грозданоски.

Цврстиот стопер ја прифати понудата за продолжување на договорот и ќе остане во Битола најмалку до летото 2026 година. Во минатата сезона беше еден од најконстантните фудбалери, со 27 настапи во Првата лига и Купот, и одигра значајна улога во дефанзивната линија.

Новиот стратег Димитар Капинковски во понеделник ќе го означи стартот на подготовките, а Грозданоски ќе биде дел од тимот кој ќе се обиде да избори далеку подобри резултати во новата натпреварувачка кампања.

Клубот има јасна цел – враќање на старите навики и борба за повисок пласман, а задржувањето на играчи со искуство и континуитет како Грозданоски е чекор во вистинската насока.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×