„Кралевите“ со
три бода си заминаа од гостувањето на „Виљамарин“ откако направија пресврт во вториот дел. По
крајот на мечот топ тема беше ВАР, видео технологијата во неколку наврати
пресуди во корист на Реал Мадрид, односно офсајд позицијата на Бензема при
голот за 2-2, офсајд позицијата на Јовиќ при црвениот картон на Емерсон и пеналот
за играње со рака на Барта по кој Рамос погоди за 2-3.
„Бевме супериорни
во однос на Реал Мадрид во првото полувреме. Постигнавме два гола а имавме и
уште неколку шанси. Во продолжението беше поизедначено, но тешко е да се види
правата слика поради ВАР, исклучувањето и пеналот“ – вели тренерот на Бетис,
Мануел Пелегрини.
„Не знам дали
одлуките беа исправни, но ми кажаа дека Мајорал бил во офсајд пред да биде
направен пеналот. Тешко е да се игра против Реал Мадрид, ВАР, исклучувања и
пенали… сите спорни одлуки беа во корист на противникот“.
„Но ми се допадна
она што го прикажавме кога на теренот имавме 11 играчи“.