Пелегрини: Сè е поразлично откако дојде Мурињо, имам некое чувство кое претходно сум го немал во Рома

by
1 минути читање

Пелегрини синоќа постигна два гола во победата на Рома над ЦСКА Софија со 5-1. Под водство на Мурињо, Римската Волчица има шест победи од шест официјални натпревари и дадени 19 голови.

Капитенот Пелегрини е еден од најдобрите на теренот под водство на Мурињо, игра импресивно, а деновиве треба да стави и потпис на нов договор.

Тој вели дека по доаѓањето на Португалецот сè е поинакво во Рома.

„Мурињо многу, многу ми помогна да напредувам во мојата игра. Можам само да му се заблагодарам за тоа што го направи. Му должам многу. Но ова е само почеток, тој мора да продолжи да нè подобрува сите“, вели Пелегрини.

„Оваа година има нешто посебно во Тригорија кое не сум го почувствувал претходно. Мора да уживаме колку што е можно и да го комплетираме нашето напредување. Овој напредок не смее да заврши доколку во иднина сакаме да освоиме нешто“.

„Сè е променето. Се движиме добро офанзивно и дефанзивно. Има нешто посебно што го чувствувате кое го немав почувствувано откако се вратив во Тригорија. Ќе се обидеме да го извадиме најдоброто од оваа ситуација“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани