Пелегрини откри што ги советувал Мурињо на полувремето

by
1 минути читање

Салернитана играша бункер, па на Рома и беше тешко да го пробие иако имаше тотална доминација на теренот, но откако на почетокот од второто полувреме го направи тоа, успеа да дојде до убедлив триумф.

Капитенот Пелегрини беше запрашан што ги советувал Мурињо на полувремето за да се случи таква добра претстава.

„Тој ни рече да го продолжиме интензитетот кој гоо имавме, да ја движиме топката брзо и да го бараме вистинскиот простор, што и се случи“, открива Пелегрини.

Рома победи на сите четири официјални меча под водство на Мурињо. Две средби од нив се во Серија А. На табелата се на второто место со гол разлика од 7-1. Навивачите на Рома синоќа почнаа да пеат за Скудето, но реално квалитативно има подобри екипи од римската волчица. Сепак, Пелегрини се надева дека ќе дојде и тој ден.

„Се надеваме дека еден ден ќе го оствариме сонот, оваа година чувството е поинакво, Мурињо ни кажа да гледаме само од натпревар за натпревар, и тоа го правиме. Никогаш нема да зборуваме за следниот меч, без разлика колку е важен, додека не го одиграме овој меч“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×