196
Бразилската
фудбалска легенда Пеле повторно заврши на хоспитализација во болница заради
лекување од тумор на дебелото црево, меѓутоа неговата состојба е стабилна.
Се вели дека Пеле
треба да биде пуштен од болница во следните неколку денови, а како за
потсетување, пред два месеци тој беше опериран на тумор на дебелото црево, за
потоа да биде подложен на хемотерапија.
Пеле е
единствениот фудбалер во историјата на овој спорт што успеал да освои три
Мундијали, а има постигнато повеќе од 1000 голови во својата кариера.