Кристијано
Роналдо ја надмина бројката од 770 погодоци во својата кариера, а со тоа
напаѓачот на Јувентус го сруши рекордот по бројот на постигнати погодоци на
легендарниот Пеле, а откако го стори тоа, се одзва на социјалните мрежи.
Иако постоеа
одредени полемики околу бројките, за што претходно Пеле тврдеше дека постигнал
1283 погодоци, што аматерски, неофицијални и на пријателски натпревари, а
забелешки имаа и од куќата на фудбалот на Чешка, од каде наведоа дека Џозеф
Бикан постигнал вкупно 821 погодоци во својата кариера по еден детален преглед
на статистиката од кариерата на Австро-Чехот од 1931 до 1955, сепак, Пеле го
призна учинокот на Роналдо.
„Кристијано,
животот е како осамен лет, секој носи посебно патување, а ти имаш прекрасно
патување!“ напиша Пеле на социјалните мрежи.
„Ти се восхитувам
премногу, уживам гледајките како играш, а тоа не е тајна за никого“ додаде
тој.
„Честитки за
уривањето на мојот рекорд на постигнати погодоци на официјални натпревари,
моето единствено жалење е што не бев во можност да те гушнам денеска, но, ја
објавувам оваа фотографија во твоја чест, со убава порака, како симбол на едно
пријателство кое постои многу години“ заклучи Пеле.